Извлечени се двете лица од возило што паднало во коритото на реката во Прилеп, информираат од Центарот за управување со кризи. Двајцата се пренесени во прилепската болница, каде што на едно му се констатирани тешки телесни повредени, но не е во животна опасност, а кај другото се утврдени лесни повреди и е пуштено на домашно лекување.

„Во 13:11 часот на бројот за итни ситуации 112 во ЦУК добиена е информација дека патничко моторно возило марка ‘голф’ влетало во реката кај мостот ‘Кочо Рацин’ во Прилеп. Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на местото на настанот, како и од прилепската Итна медицинска помош и дека во возилото имало две лица кои се извлечени“,
соопштуваат од ЦУК.
Од МВР Прилеп информираат дека е повикана влечна служба за извлекување на возилото од коритото на реката.
