Настанот се случил утрово, кога возило „форд“ се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во Охридското Езеро
Утрово околу 5:30 часот автомобил излетал од патот и паднал во Охридското Езеро, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.
Во случајот, како што велат од СВР Охрид, нема повредени.
Станува збор за патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Н.Е. од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга.
„Додека се движело, возилото излетало од патот и паднало во Охридското Езеро. Нема повредени лица“,
се додава во соопштението од СВР Охрид.
Откако завршил полицискиот увид, возилото било извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга.
Од СВР Охрид велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.