Според првичните информации, автобусот удрил во ученици и нивни родители додека стоеле пред влезот на училиште во градот Таиан
Најмалку 11 лица загинале, од кои петмина ученици, откако училиштен автобус удрил во група луѓе во кинеската провинција Шандонг, јавуваат тамошните државни медиуми, пренесува Би-би-си.
Во инцидентот се повредени уште неколку лица, чиј прецизен број не се наведува, но според извештаите едно се наоѓа во критична состојба.
Според првичните информации, автобусот удрил во ученици и нивни родители додека стоеле пред влезот на училиште во градот Таиан.
Кинеските државни медиуми, според Би-би-си, објавуваат дека возачот изгубил контрола над возилото и удрил во нив.
Тој бил веднаш приведен, а полицијата ги истражува причините за инцидентот. Засега останува нејасно дали возачот намерно удрил во учениците и нивните родители.
„Досега загинаа вкупно 11 лица загинаа, од кои шест родители и пет ученици“,
соопштиле кинески државни медиуми.
Од повредените, како што се наведува, дванаесет се во стабилна состојба.
Од фотографиите и видеата што се споделуваат на социјалните мрежи може да се види како луѓето се заробени под возилото.
#BREAKING: At least 11 dead, including 5 children, and 13 injured after a bus crashes onto a sidewalk in Tai’an, China – CCTV. #BreakingNews 巴士事故 #TaiAn #Accident #China President Xi Jinping | Beijing pic.twitter.com/kA2nPSvjhf
— Neha Bisht (@neha_bisht12) September 3, 2024
Инцидентот се случува само неколку дена откако учениците во Кина се вратија на училиште за почетокот на новата учебна година.
Според Би-би-си, смртоносните сообраќајни несреќи се честа појава во Кина. Во јули оваа година полицијата соопшти дека возило удрило во група пешаци во централниот град Чангша, при што загинале осум лица, а неколку други биле повредени.