Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг денеска порача дека неговата земја ќе го задржи неутралниот статус, иако Шведска и Финска направија целосен пресврт во својата надворешна политика поради руската инвазија на Украина, пренесуваат тамошните медиуми.
„Кај нас состојбата е малку поинаква“,
рече Шаленберг за германските медиуми истакнувајќи ја огромната поддршка во јавноста за австриската неутралност.
Шаленберг, чија земја дури 80 отсто од потребите за природен гас ги добива од Русија, рече дека Австрија ќе продолжи да испраќа хуманитарна помош во Украина наместо да испраќа оружје.
„Помагаме многу, но не со оружје. Сметам дека помошта кон Украина не може да се сведи само на воено вооружување“,
истакнал тој.
Шведска и Финска веќе и официјално побараа прием во НАТО, што е една од најзначајните промени во безбедносната архитектура на Европа во последните неколку децении.
Финска со Русија ја дели 1 300 километри долга граница.
Швајцарија, која не е членка на ЕУ, а е позната по својот неутрален статус, исто така сака да му се приклучи на воениот сојуз, изјавил за Ројтерс кон почетокот на месецот функционер од тамошното Министерство за одбрана.