На каналот „голата полјана“ попладнево е поставена аудиоснимка за која не може да се одреди времето кога е направена и на која се тврди дека е гласот на советничката на ВРО-ДПМНЕ Јелена Жугиќ при посета на општински комитет
На Јутјуб попладнево се појави аудиоснимка на која стои фотографија на ссоветничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Јелена Жугиќ и за која се тврди дека е нејзиниот глас.
На снимката која е насловена на „zugic“ и е поставена на каналот „голата полјана“ со двајца следбеници, лицето за кое се тврди дека е Жугиќ говори за политиката на партијата во однос на ЕУ. Од она што се слуша, е дека таа е во посета на партиски општински комитет, но не може да се утврди времето од кога е снимката.
„Ние не се бориме со Заев, со бориме со Брисел, со Вашингтон. Ова е озбилна и долгорочна стратегија. Ова е стратегија на декомпонирање, да се заврши она што не се заврши во 1913 во Букурешт. И оваа мала Вардарска што ни остана и таа да ни ја земат, оти сме папокот на светот, оти е Патот на свилата. Нам не ни треба ЕУ, ние и требаме на неа, ние имаме АЛшар, ие имаме води, жито , рудници, ниви, и од Бога талентиран, кроток, мил народ“
вели гласот за кој се тврди дека е Жугиќ.
На снимката, гласот за кој се тврди дека е на Жугиќ кажува оти нејзините зборови се всушност зборови на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, од состанокот на Унијата на жени.
„Ова што ви го зборувам се зборовите на почитуваниот претседател Христијан Мицкоски. Јас не настапувам самостојно, не се ова мои идеи и пораки. Затоа оваа фаза на посети по општински е да ви ги пренесам неговите пораки“,
се слуша на аудио снимката.
Понатаму на снимката се слуша како лицето за кое се тврди дека е Жугиќ им вели на присутните, дека ско замине претседателот (Мицкоски) сите ќе заминат.
„Немојте да мислите дека ние како не знам кој ешалон ќе останеме. Притоа партијата ќе ни ја преземе некакво криминално здружение. Да не се лажеме, сите оние бомби, криминали, што не демонизираа, не правеа бандити, ни го осудија Никола Груевски за мерцедесот… Седиме во удобни општински комитети со парно, убави столчиња. Централата ни е со велелепни лустери, црвени теписи, со махагони астали и чувствувото ни е дека сме конфорни. Јас не можам да седам на овие состаноци, јас сум тргната во војна“,
вели Жугиќ.