Ако ги слушнев овие звуци додека го возам мојот автомобил, ќе застанев и ќе повикав влечна служба, но знаете каде е снимено, тоа има совршена смисла, вели еден од истражувачите
Роверот „Упорност“ на НАСА ги испрати првите звуци од движењето по површината на Марс, што ѝ дава на научната јавноста дополнителен информации за Црвената Планета.

Звукот е снимен од еден од двата микрофона на роверот и на снимката што ја сподели Американската вселенска агенција може да се слушне бучавата од неговите шест метални тркала како се движат по површината на Марс.
? Hear that? That’s the sound of me driving over Martian rocks. This is the first time we’ve captured sounds while driving on Mars.
— NASA’s Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) March 17, 2021
Read full story: https://t.co/oqdnCJShjm pic.twitter.com/yKwypUSnE7
„Го слушате ли ова? Тоа е звукот како возиме преку карпите на Марс. Ова е прв пат да ‘фатиме’ звуци додека се возиме на Марс”,
објави тимот на НАСА на Твитер.
Оригиналната необработена аудиаудио снимка трае 16 минути.
„Ако ги слушнев овие звуци додека го возам мојот автомобил, ќе застанев и ќе повикав влечна служба. Но, ако одвоите една минута и внимателно слушате и ако притоа знаете каде е снимено, тоа има совршена смисла“,
вели Дејв Груел, инженер во тимот.
Роверот со тежина од еден тон носи два микрофона. Едниот веќе „фати“ звуци од ветерот, а другиот го регистрира слегувањето. Вториот, исто така, го забележа возењето на „Упорност“ (долг 27,3 метри) на 7 март. Аудиото содржи и неочекуван звук од гребење, па инженерите испитуваат дали тоа било предизвикано од електромагнетно мешање или од движењето на роверот.
„Варијациите помеѓу Земјата и Марс – ние за тоа имаме визуелно чувство. Но, звукот е сосема поинаква димензија: да се согледаат разликите помеѓу Земјата и Марс и поблиску да се доживее таа околина“,
вели Ванди Верма, виш инженер кој помогна да се возат последните четири ровери на НАСА на Марс.
НАСА избра да го спушти роверот „Упорност“ во близина на старата речна делта и поранешното езеро познато како кратер Језеро (името го доби според општина во Босна и Херцеговина), каде што ќе се дупчи длабоко во седиментот и ќе собира материјал што би можел да укаже на знаци на живот.
„Упорност“ носи 19 камери – повеќе од која било друга меѓупланетарна мисија во историјата.
Роверот е опремен и со систем за навигација за да му помогне да избегне опасни камења и клисури, низа научни инструменти за изведување експерименти и минијатурен хеликоптер, кој ќе стане првото летало на друга планета.
Примероците од карпи и почва од „Упорност“ нема да се анализираат веднаш, туку ќе се запечатат во специјални контејнери и ќе се остават на добро означено место на површината на планетата за некоја идна мисија која ќе ги врати на Земјата.