Економските експерти предупредуваат дека покрај светската криза, на Косово има енормно поскапување на храната, најмногу поради тоа што околу 90 отсто од овие производи се увезуваат, а се дури и поскапи од Европа, поради цената на транспорт
Според анализите на Светска банка и ММФ, во Косово расте екстремната сиромаштија поради светската криза. Примерот со Косово, според експертите, може да послужи како заклучок дека актуелната светска криза најмногу ја плаќаат граѓаните на сиромашните земји, како оние на Балканот
Косово се соочува со астрономски цени. Некои намирници поскапеа и до 50 отсто во споредба со цените пред една година, а трендот на поскапување на храната продолжува, објави Н1.
Маслото за јадење, брашното и горивото се само дел од производите чии цени варираат, кои секојдневно се зголемуваат. За разлика од април минатата година, годишната инфлација во Косово стана двоцифрена и достигна 11,2 отсто.
Економските експерти предупредуваат дека покрај светската криза, на Косово има енормно поскапување на храната, најмногу поради тоа што околу 90 отсто од овие производи се увезуваат, а се дури и поскапи од Европа, поради цената на транспорт.
Во однос на големите поскапувања, од Владата велат дека не може да се избегне кризата што го зафати светот поради војната во Украина.
Јавност и особено социјално загрозените семејства се најзагрижени поради поскапувањето на храната.
Според анализите на Светска банка и ММФ, во Косово расте екстремната сиромаштија поради светската криза. Примерот со Косово, според експертите, може да послужи како заклучок дека актуелната светска криза најмногу ја плаќаат граѓаните на сиромашните земји, како оние на Балканот.
Но, кризата не поштеди ниту еден друг економски или јавен сектор, така што поскапувањето е забележано од градинките до градежната индустрија, што повторно предизвика поскапување на становите, а неретко и прекин на работата на капиталните објекти.