На новинарското прашање дали Русија ќе го предаде Асад на судење, тој рече дека државата не е членка на конвенцијата со која е основан Меѓународниот кривичен суд
Русија на најбезбеден начин го транспортираше Башар ал Асад, соборениот сириски претседател, изјави вчеравечер рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков во интервју емитувано на Ен-би-си њуз.

„Тој сега е безбеден, што покажува дека Русија постапува онака како што се налагаат процедурите во такви вонредни ситуации“,
рече тој.
Посочи дека нема да навлегува во детали за постапката на неговото префрлање во руската престолнина, како и за начините како се решени процедурите.
„Немам поим што во моментот се случува со него, но би било многу погрешно да ги објаснам деталите за тоа како е решена целата ситуација“,
кажа Рбјаков.
На новинарското прашање дали Русија ќе го предаде Асад на судење, тој рече дека државата не е членка на конвенцијата со која е основан Меѓународниот кривичен суд.
Кремљ пред два дена потврди дека одлуката за доделување политички азил на долгогодишниот сојузник на Кремљ, Асад, ја донел самиот Владимир Путин.
Москва ја поддржува Сирија уште од времето на Студената војна, а нејзината независност ја призна во 1944 година, кога Дамаск се обиде да ја собори француската колонијална власт.
Рјабков рече дека Русија ќе продолжи да го поддржува сирискиот лидер.
Викендов сириските бунтовници објавија дека ја презеле контролата врз главниот град Дамаск, прогласувајќи го за „слободен“, откако започнаа офанзива која брзо напредуваше низ целата земја.
