Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, вели дека семејството Заеви нарачувало палење автомобили на сите оние што се против нивните криминални и криминогени политики.
Според него, од снимката што излезе на интернет се слуша како Заеви директно нарачувале палење автомобили преку нивни член на подземјето.
„Не ни очекуваме дека Вице Заев и Зоран Заев да се дружат со професори и академци, но затоа си имаат работа и се дружат со луѓе кои имаат досиеја, дебели досиеја во полициските документации. Секој се дружи со своите, во овој случај, криминалците се дружат со криминалците. Горан Димовски-Тушникот – првиот човек на Вице Заев, Зоран Заев и Стојан Чифлигароски од ‘СВ Инвест бизнис’ кој инаку е бизнис-партнер на Вице Заев е човек со сомнително портфолио, кој во МВР има досие за неколку сериозни кражби на автомобили и тешки кражби од затворени објекти. Ова е кругот на најблиските луѓе на Зоран и Вице Заеви. Горан Димовски-Тушникот е човекот кој палел, се заканувал и вршел притисоци по нарачка на Вице и Зоран Заеви“,
рече Арсовски на денешната прес-конференција.
Тој додава дека односот на Заев кон граѓаните е мафијашко-пазарџиски и од ВМРО-ДПМНЕ им порачуваат дека по изборите на 15 јули тоа ќе заврши.
„Граѓаните додека не можат да врзат крај со крај, додека ја опустошивте државата, Вице, Зоран и останатите изрекетираа и украдоа милиони евра од Република Македонија. Затоа на овие избори Обновата ќе победи, а криминалците како вас ќе одат во затвор по изборите преку транспарентна постапка во судството кое што ќе ги тргнат канџите од кланот Заеви. На 15 јули ставаме крај на мафијата во Република Македонија и СДСМ ќе паѓа од власт. А, ден потоа одговорност за сите криминали на кланот Заеви и оваа влада на СДСМ“,
вели Арсовски.