Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петрововска денеска на прес-конференција покажа документ од бугарското Министерство за правда, според кој Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство, за што указот го потпишал бугарскиот вицепретседател
Разочарана сум, како не им е срам да излегуваат со овие небулози? Срамотно е ова да го направат на два дена од крајот на кампањата. Јас немам ниту една дамка, а на некои им гори под нозете, вели независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска која ја поддржа ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за ТВ 24, на прашањето за тоа дали има бугарско државјанство, како што денеска објавија на прес-конференција од СДСМ.
На уште едно прашање дали демантира дека има бугарско државјанство Арсовска одговори:
„Да точно така. Но мора да ми верувате. Ако јас како човек секој еден ден сите небулози и сите лаги и сите напади кои ги имаше врз мене како човек како професионалец, врз моето семејство, се доведував во прашање да ги дискутирам јас во оваа кампања ќе дискутирав само во функција да се бранам наместо да презентирам проекти“,
рече Арсовска, додавајќи дека ќе мора низ постапки да ги докажува овие работи.
„Се до сега што кажаа од почеток до крај во оваа кампања граѓаните треба да знаат дека се е лага“,
истакна Арсовска во емисијата 24 Анализа на ТВ 24 вечерва.