Причината за заминувањето на Бујаре Абази од заменик-градоначалничката функција во Градот Скопје е, како што вели, тоа што им се дава власт на структури кои со години им наштетуваат на Албанците и воопшто на скопјани. Одлуката следува откако вчера Арсовска на директорските позиции во две јавни претпријатија назначи кадри на ДУИ
Освен назначувањето кадри на ДУИ на директорските позиции во двете јавни претпријатија, портпаролот на Алијанса за Албанците, Арбен Зекири, во изјава за „360 степени“ кажа дека причината за оставката на Абази, меѓу другото, е и разрешувањето на Зуди Енузи Кока од функцијата в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена“
Во меѓувреме, преку писмено соопштение, од Градот Скопје посочуваат оти Бујаре Абази не била партиско решение и дека на функцијата заменик-градоначалник била назначена за да ги застапува интересите на граѓаните, а не, како што велат, наместо тоа да ги става партиските интереси пред интересите на Скопје и скопјани
Заменик-градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази, од редовите на Алијанса за Албанците, денеска си поднесе оставка од функцијата. Причината за нејзиното заминување од заменик-градоначалничката функција во Градот е, како што вели, тоа што им се дава власт на структури кои со години им наштетуваат на Албанците и воопшто на скопјани.
Ова следува откако вчера градоначалничката Арсовска на директорските позиции во две јавни претпријатија назначи кадри на ДУИ – Саид Саид во ЈП „Улици и патишта“ и Зухејр Реџепи во ЈП „Паркови и зеленило“.
„На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие коишто им наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани. Но, актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните“,
рече Абази на денешната прес-конференција и додаде оти тоа е причината за нејзината оставка од заменик-градоначалничката функција во Град Скопје.
Освен назначувањето кадри на ДУИ на директорските позиции во двете јавни претпријатија, портпаролот на Алијанса за Албанците, Арбен Зекири, во изјава за „360 степени“ кажа дека причината за оставката на Абази, меѓу другото, е и разрешувањето на Зуди Енузи Кока од функцијата в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена“.
„Освен вчерашното назначување на кадри на ДУИ во јавните претпријатија, причина за оставката на Абази е и претходното разрешување на Кока од ЈП ‘Комунална хигиена’“,
кажа во куса изјава за „360 степени“ портпаролот на Алијанса, Арбен Зекири.
Зуди Енузи Кока, ексдиректорот на ЈП „Комунална хигиена“ и кадар на Алијанса за Албанците, беше разрешен од својата функција во јули годинава по информацијата дека неговиот брат Цуфи Кока е лицето кое пукаше со пиштол на плоштадот „Скендербег“ за време на протестите против францускиот предлог во Скопје.
По оставката на Абази од заменик-градоначалничката функција во Град Скопје, портпаролот на партијата вели дека актуелното раководство нема да ја има поддршката од партијата и дека Алијанса за Албанците ја прекинува соработката со Арсовска.
„Тоа значи дека нема да има поддршка од нас како коалициски партнер. Во советот ќе ги поддржуваме само оние предлози што ќе бидат во интерес на граѓаните“,
додаде Зекири.
Во меѓувреме, преку писмено соопштение, од Градот Скопје посочуваат оти Бујаре Абази не била партиско решение и дека на функцијата заменик-градоначалник била назначена за да ги застапува интересите на граѓаните, а не, како што велат, наместо тоа да ги става партиските интереси пред интересите на Скопје и скопјани.
„Искрено жалиме што Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на Градот и скопјани, но тоа е нејзина одлука. Департизацијата во институциите мора да биде постулат врз кој ќе се градат професионални јавни институции, а секој што партиските интереси ги става над јавниот интерес, јасно е дека не може да функционира во насока на соодветно застапување на скопјани“,
се вели во реакцијата од Град Скопје.
Абази решението за функцијата го прими на 19 ноември лани, а тоа на својот фејсбук-профил го објави и Арсовска.
„Денес на Бујаре Абази свечено ѝ е врачено решението со кое ја назначив за заменик-градоначалничка
се вели во објавата во која уште се наведува дека Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист. Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година.
на Скопје. На средбата дискутиравме за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот“,

Пред неколку дена в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање дали би влегле во Владата, рече дека доколку добијат понуда за да влезат во владината коалиција, ќе ја разгледаат, но дека засега такво нешто нема.
„Не сме разговарале околу тоа, ние сега сме фокусирани во реорганизирањето на партијата. Повеќе сме на терен и водиме разговори, ги слушаме активистите и тие што се симпатизери на Алијанса за Албанците. Темата за условување за тоа дали да се влезе или да се излезе не сме ја дискутирале, ние не сме биле дел од Владата ниту, пак, сме размислувале за тоа. Но, ќе размислиме, ќе ја разгледаме опцијата ако постои таков предлог, но сега за сега нема нешто такво“,
рече Таравари на прес- конференцијата на 26 септември.
Таравари минатата недела во интервју за „Патот кон“ на Алсат М ја критикуваше реториката на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека овој антиевропски речник ќе ја оддалечи Алијансата за Албанците од можноста за коалицирање.
„Никако, не ја поддржуваме иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум бидејќи тоа нè оддалечува од евроинтеграцискиот пат на земјата. Не сакаме ни да слушнеме за тоа. Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со овој вокабулар, тоа ќе нè оддалечи од соработката. Ние не сме против македонскиот идентитет. Ако го напуштите евроинтегративниот пат, го напуштате македонскиот идентитет. Нема кој да им помага на Македонците повеќе од НАТО и ЕУ“,
рече Таравари во емисијата.
Во интервју за Сител, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека со Алијанса имаат коректни односи и рече дека не му е познато дека односите им се замрзнати.
„Имаме коректни односи во рамки на нормално политичко функционирање. Ако тие мислат дека се замрзнати, тогаш во ред, тоа е нивен став. Јас мислам дека не е добро да бидат замрзнати односите помеѓу ниту една политичка партија, без разлика дали сте власт или опозиција, дали сте вака или така ориентирани, бидејќи сепак ние сме фактори во политичкиот живот и не е одговорно да имате замрзнати односи со ниту една партија. Ги охрабрувам да ги одмрзнат доколку навистина донеле таква одлука дека тие односи се замрзнати, бидејќи сепак ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија. Во Град Скопје сигурно е најголемата, но и во парламентот, со најмногубројната пратеничка група. Помала политичка партија сметам дека не е опортуно да ги замрзнува односите со најголемата политичка партија. Но тоа е нивна автономна политика, ако тие мислат дека тоа е начинот, јас немам што да додадам“,
рече Мицкоски.