Во соопштението на Град Скопје не се наведува причината за разрешувањето на досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта“, Саит Саит. Единствено што посочуваат оттаму е дека Градот продолжува да работи во интерес на граѓаните – навремено, квалитетно и транспарентно
Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од денеска добива нов в.д. директор.
За ова денеска преку писмено соопштение информираа од Град Скопје велејќи дека досегашниот директор на ова скопско претпријатие, Саит Саит, е разрешен од функцијата.
На позицијата в.д. директор на „Улици и патишта“ е назначен Ќамил Ковачи.
„Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на Општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие ’Сарај’“,
се наведува во соопштението на Град Скопје.

Во соопштението на Град Скопје не се наведува причината за разрешувањето на досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта“. Единствено што посочуваат оттаму е дека Градот продолжува да работи во интерес на граѓаните – навремено, квалитетно и транспарентно.
