Променетите околности се медицински, отстранување на витален орган желудник, а приложени биле докази, односно медицинска документација за неможноста Јовановски да се лекува и да добие здравствен третман во затворски услови, објаснил за Телма адвокатот на Боки 13, Владимир Туфегџиќ
Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет шоуменот Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13, потврдиле од Судот за МИА. Детали од пресудата, како што дополниле, ќе има во текот на утрешниот ден.
„Во овој момент, Судот може да потврди дека пресудата е донесена на 27 февруари. Пресудата е преиначена во однос на првичната, а детали поврзани со причината ќе добиете во текот на утрешниот ден“,
изјавиле за МИА од Апелациониот суд во Скопје.
Како што објави Телма, Апелација му ја намалила казната на Боки 13 од девет на пет години затвор.
Променетите околности се медицински, отстранување на витален орган желудник, а приложени биле докази, односно медицинска документација за неможноста Јовановски да се лекува и да добие здравствен третман во затворски услови, објаснил за Телма адвокатот на Боки 13, Владимир Туфегџиќ.
Боки 13 во 2020 година беше осуден на девет години затвор за кривичните дела примање награда за противзаконито влијание и перење пари во случајот „Рекет“.
Во моментов, Јовановски е на отпуст за лекување.