Во ГОБ „8 Септември“, на Одделот за дијагностичка и интервентна радиологија, снимањата се вршат од 8 до 14 часот и од 20 до 2 часот по полноќ, а на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ снимањата се вршат од 14 до 20 часот и од 2 часот по полноќ до 8 часот наутро

Во тек е сервисирање на апаратите за компјутерска томографија (КТ) на Универзитетскиот институт за радиологија кои се во дефект, а за пациентите е направена привремена реорганизација со цел непречено да ја добијат потребната здравствена заштита“,
соопшти Министерството за здравство.
Снимањата и згрижувањето на итните пациенти привремено се префрлени во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што е воведен посебен временски распоред.
Во ГОБ „8 Септември“, на Одделот за дијагностичка и интервентна радиологија, снимањата се вршат од 8 до 14 часот и од 20 до 2 часот по полноќ.
На Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ снимањата се вршат од 14 до 20 часот и од 2 часот по полноќ до 8 часот наутро.
„Организацијата е привремена и ќе се применува само додека апаратите на Универзитетскиот институт за радиологија не се вратат во функција. За секоја промена на состојбата, како и за повторно воспоставување на редовниот режим на работа, сите релевантни здравствени установи, служби и јавноста ќе бидат навремено информирани“,
додаваат од Здравство.
Од Министерството апелираат пациентите и лекарите доследно да ги почитуваат утврдените термини и напоменуваат дека се прават напори за обезбедување дополнителни термини и во други јавни здравствени установи.
„Апелираме оваа тема да не се користи за дневнополитички цели, особено што овој сегмент во системот е веќе реорганизиран и пациентите ја добиваат потребната здравствена услуга“,
истакнуваат од Министерството за здравство.
