Овие анкети покажуваат ветувачки сигнали дека нештата се движат во вистинската насока и дека општеството покажува сè повеќе разбирање за потребите на оваа група, велат од Civil Rights Defenders, кои ја спроведоа анкетата во пресрет на денешната Парада на гордоста во Скопје
Мнозинството граѓани на С Македонија го поддржуваат правото на ЛГБТИ+ лицата да одржат мирен Марш на гордоста, покажува анкетата спроведена од Civil Rights Defenders во пресрет на денешната втора по ред Парада на гордоста во Скопје.
На прашањето дали се согласуваат со тоа дека ЛГБТИ + лицата треба да имаат право мирно да маршираат низ Скопје, 55% од испитаниците одговориле позитивно, што претставува подобрување во споредба со резултатите од 2015 година кога 47% од граѓаните дале потврден одговор на ова прашање.
Притоа осумдесет и три проценти (83%) од граѓаните кои се во комуникација со ЛГБТИ + лицата се согласуваат со нивното право да одржат Марш на гордоста.
Прашани за причините зошто се организира Парадата на гордоста, повеќето испитаници (43%) се согласуваат дека таа има легитимна цел , ЛГБТИ + лицата да го свртат вниманието на јавноста на својата ранлива позиција“ наспроти мислењето дека „таа се организира за да го провоцира мнозинството кое што не го поддржува нивниот животен стил ”(40%)
Освен оние кои комуницираат со ЛГБТИ + лицата, најпозитивните одговори даваат помладите испитаници (18-29), кои имаат високо образование и живеат во урбани средини.
Седумдесет отсто од испитаниците се согласуваат дека ЛГБТИ + лицата се граѓани како и сите други“, што претставува забележителен пораст во однос на 2015 година кога 54% од испитаниците се согласиле со оваа изјава.
Коментирајќи ги овие наоди, изјави дека
„ЛГБТИ + заедницата во Северна Македонија, како и поголемиот дел од Западниот Балкан, е сосема свесна за сè поголемите предизвици кои претстојат на патот на обезбедувањето на праведно и рамноправно општествово кое ЛГБТИ + лицата нема да бидат дискриминирани и исклучувани. Сепак, овие анкети покажуваат ветувачки сигнали дека нештата се движат во вистинската насока и дека општеството покажува сè повеќе разбирање за потребите на оваа група. Несомнено, првата Парада на гордоста во Скопје во 2019 година и неуморната работа на ЛГБТИ + активистите одиграа важна улога во нагласувањето на овие проблеми, што е уште поголема причина да се излезе и да се изрази солидарност со заедницата за време на саботниот марш”,
смета програмскиот координатор на Civil Rights Defenders за Северна Македонија, Дамјан Здравев, коментирајќи ги наодите од истражувањето на јавното мислење.
Оваа анкета е спроведена како дел од регионалното истражување на Civil Rights Defenders и агенцијата ИПСОС Стратешки маркетинг на репрезентативен примерок од над 6 000 испитаници.