Доколку има референдум, околу 52 проценти од Каталонците би гласале автономната покраина да остане дел од Шпанија, додека 42 проценти од нив ќе ја поддржат независноста, покажува денеска објавената анкета во весникот „Вангардија“
Повеќето Каталонци сакаат Каталонија да остане дел од Шпанија, покажува анкетата објавена денеска од каталонскиот весник „Вангардија“.
Анкетата е спроведена од компнијата за истражување н јавно мислење ГАД3 за весникот, на примерок од 800 испитаници, на 11 и 12 мај.
Доколку има референдум, околу 52 проценти од Каталонците би гласале автономната покраина да остане дел од Шпанија, додека 42 проценти од нив ќе ја поддржат независноста.
На регионалните избори одржани на 14 февруари, мнозинството места во каталонскиот парламент беа освоени од три партии кои се залагаат за независност и формирање на Република Каталонија, но поради несогласувања, двете најголеми – Заедно за Каталонија (JxCAT) и Каталонски Републиканска левица (РКЕ) – сè уште не формираа влада.
Крајниот рок за договорот е 26 мај, во спротивно ќе се одржат нови избори.
Бројни гласачи не излегоа на гласање во февруари во таа индустриска и богата со туристи провинција со 7,5 милиони жители.
Одѕивот беше 53,4 проценти, додека во 2017 година беше рекорден 82 проценти.
Во неделата, групите кои ја поддржуваа независноста организираа протест пред зградата на владата во Барселона, порачувајќи им на политичките партии дека ќе ја изгубат поддршката ако не се договорат за формирање влада.
Денес, партиите Заедно за Каталонија и Каталонски Републиканска левица, идеолошки различни партии, објавија дека постигнале договор, па се очекува владата да се гласа во регионалниот парламент во наредните денови.
Меѓу овие партии нема договор за понатамошните чекори, откако тие спроведоа референдум за независност во 2017 година, што претходно го забрани шпанскиот уставен суд, по што организаторите беа осудени на затворски казни.