Од денеска стартува аплицирањето за кредитната линија „Ковид 2“
Вкупно се одобрени 631 бескаматен кредит од кредитната линија на Развојната банка „Ковид 1“, во износ од 4,7 милиони евра, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук-профил.
Во овие фирми работат 5 588 вработени.
Според структурата, од вкупно одобрените кредити, 76 отсто се за микропретпријатија со до 10 вработени, 22 отсто се за мали фирми со до 50 вработени и 1 отсто се за средни компании со до 250 вработени
Од вкупно одобрените 4,7 милиони евра, 2,1 милион евра се за компании од транспортната дејност, 2,4 милиони евра за угостителство и 200.000 евра за туризам.

Од денеска микро, малите и средните претпријатија од сите дејности ќе можат да аплицираат за новата линија бескаматни кредити „Ковид 2“ во висина од осум милиони евра, соопшти Ангеловска.
За претпладнево е закажана прес-конференција на министерката Ангеловска и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на која ќе бидат соопштение повеќе детали.