Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, на некои места коловозите се влажни, а слаб снег провејува во Тетово, Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово, информираат од АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар.
Сите патни правци во државата се проодни без забрани, застои и ограничувања.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.
Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
