Околу дваесет земји ветија дека ќе и достават оружје на Украина за да и помогнат да се спротивстави на руските сили, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на прес-конференција во Пентагон.
„Денешната средба помина многу добро. Многу земји ќе обезбедат артилериска муниција, системи за крајбрежна стража, тенкови и други оклопни возила што се потребни на армијата на Киев“,
изјави Остин по состанокот на контакт групата за Украина.
Остин изрази посебна благодарност до Данска, која ќе обезбеди ракети Харпун за заштита на брегот на Украина.
Американскиот генерал пак, Марк Мајли, на истата конференција за медиумите рече дека САД се „многу далеку“ од какво било повторно испраќање на американски сили во Украина.
Минатата недела американскиот претседател, Џо Бајден, потпиша закон со кој се одоборуваат 40 милијарди долари воена помош за Украина.