Американски дипломат Брајан Џефри Рејмонд признал дела дрогирал, сексуално злоставувал и фотографирал вкупно 23 жени во текот на својот ангажман во Амбасадата на САД во главниот град на Мексико, информира американското министерство за правда.
Тие посочуваат дека на четириесет и пет годишниот Рејмонд му се заканува казна доживотен затвор.
Работел во амбасадата 14 година, од кога всушност има и докази за злоставувањата.
„Тој го напушти Мексико откако на 31 мај минатата година на балконот од неговото живеалиште со барање помош и врискање се појавила гола жена“,
се наведува во соопштението.
Таа кажала дека не се сеќава на ништо, бидејќи била под дејство на алкохол. Според спроведената истрага, тој на интернет пребарувал податоци за влијанието на комбинацијата на апчиња за спиење и алкохол.
Откриени и стотина фотографии и снимени видеа од преку 20 голи или полуголи жени кои се без свест.
„На снимките е и тој. Лежи покрај нив. Се гледа и неговата рака, со која ги допира по телата онесвестените жртви“,
велат од американското министерство за правда.
ФБИ им се заблагодари за храброста на жртвите кои овозможија да прекинат неговите акции а тој да биде изведен пред лицето на правдата. Оттаму ги повикаа сите кои имаат какви било дополнителни информации да ги контактираат.