Според информациите од полицијата, извршена е потрага со дрон, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени траги и предмети што укажуваат на негово присуство на посочениот терен
Амбасадата на Кралството Белгија на 18 септември пријави дека е исчезнат Ј.М. (72) од Белгија, кој изминатиот период престојувал во државата, информираат од СВР Охрид.
„Според пријавата, лицето имало во план рута за планинарење во регионот на Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше), како и на север кон Албанија. Сè уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење“,
се вели во соопштението од полицијата.
Оттаму велат дека и покрај тоа што е извршена потрага и опсервација на теренот со помош на дрон, се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
„Лицето не е пронајдено и не се пронајдени траги и предмети што укажуваат на негово присуство на посочениот терен“,
информира СВР Охрид.