По вчерашниот инцидент, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу објави фотографија на својот фејсбук-профил на која е фотографиран заедно со десетина други лица, најверојатно сопартијци. Под фотографијата кусо е напишано: „Можеш да ме убиеш, но не и да ме исплашиш!“
Алијанса за Албанците (АА) денеска преку писмено соопштение изрази најостра осуда за синоќешниот напад врз членови на партијата, меѓу кои и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу. Нападот се случи во ресторан во Тетово непосредно по вчерашната прес-конференција на претседателот на Централното собрание на партијата, Зијадин Села.

„Најостро го осудуваме синоќешниот физички напад на Кренар Османи, врз членовите на Алијансата за Албанците и директорот Дритон Небиу. Случајот е пријавен до органите на прогонот и ги повикуваме да го расветлат и случајот да добие соодветен правен заклучок“,
се наведува во соопштението на Алијанса за Албанците.
Ваквите настани, како што оценуваат од Алијанса, се неподносливи и имаат за цел оцрнување на единствениот политички субјект што се познава за традицијата на демократските и институционалните вредности.
Дека бил физички нападнат по вчерашната прес-конференција на Села, Небиу потврди во изјава за порталот „Нистори“. Рече дека по прес-конференцијата заедно со сопартијците отишол на вечера во угостителски објект во Тетово кога наеднаш до масата на која седеле се приближило непознато лице и го нападнало.
„Во еден момент едно лице кое не го познавав дојде до масата и ме нападна и со зборовите што ни ги кажа ми се закани по животот, ми рече ‘кој си ти да се занимаваш со ВМРО’? Потоа добив информација дека се вика Кренар Османи. Верувам во институциите дека ќе преземат мерки“,
изјави Дритон Небиу за порталот „Нистори“.
По вчерашниот инцидент, Дритон Небиу објави фотографија на својот фејсбук-профил на која е фотографиран заедно со десетина други лица, најверојатно сопартијци. Под фотографијата кусо е напишано:
„Можеш да ме убиеш, но не и да ме исплашиш!“
Нападот на Небиу се случи по вчерашната прес-конференција на поранешниот лидер и актуелен претседател на Централното собрание на Алијанса, Зијадин Села, на која присуствуваше и Небиу, а веднаш потоа објави и нивна зедничка фотографија, изразувајќи му поддршка.