Алијансата за Албанците е сериозен политички субјект кој не носи одлуки врз основа на шпекулации, нагласува пратеникот Сурија Рашиди

Пратеникот Сурија Рашиди, кој е дел од раководството на Алијанса за Албанците, ги демантираше информациите што се појавија во јавноста дека неговата партија ќе биде вклучена во Владата.
„Јас сум член на раководството на партијата и оваа тема не е претставена на ниту една средба“,
изјави Рашиди за ТВ Алсат.
Тој рече дека Алијансата за Албанците е сериозен политички субјект кој не носи одлуки врз основа на шпекулации, туку врз основа на она што е реално и објективно.
Кон крајот на минатиот месец Рашиди, исто така, потврди дека ќе продолжат да дејствуваат како опозиција.
Меѓутоа, и тој и в.д претседателот на АА, Арбен Таравари, тогаш рекоа дека доколку стигне понуда за неа ќе се разговара на состаноци на партиските органи.