Во Албанија утре треба да пристигнат уште 15 илјади дози од вакцината на „Фајзер“, како вртора пратка од договорените 500 илјади дози. Како што јавува МИА, во Албанија досега се вакцинирани 13 495 лица, а од нив, 500 лица се вакцинирани и со втората доза.
Овие околу 13 илјади вакцинирани граѓани, претежно се медицински персонал, но и граѓани над 80 години.
Вакцинацијата почна на 11 јануари со добиените 975 вакцини од ,како што тогаш изјави премиерот Еди Рама, една пријателска земја. Најдоброто сценарио за да се заврши процесот на вакцинација на популацијата постара од 18 години е 14 месеци.
Во меѓувреме продолжува негативниот тренд на новозразени и починати присутен во текот на целиот месец.
„Во последните 24 часа од направените 3 805 тестови, од кои потизивни се 952. Во исто време оздравени се 804, а починале 21 пациент. Во четирите ковид-болници во Тирана и трите регионални болници хоспиталзирани се 662 пациенти, од нив 49 на интензивна терапија, додека 14 се интубирани“,
информира албанското Министерство.
Досега, во Албанија направени се 466 785 тестови, позитивен резултат е добиен кај 107 167, оздравеле 69 773 лица, активни на болеста се 35 598, а починале 1 796 пациенти како последица на ковид-19.