Владата на Република Албанија донесе одлука за финансиска помош во износ од 250.000 евра за Хрватска,по силнот земјотрес во Петриња.
Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на објава на социјалнте мрежи напиша дека само што ја потпишал одлуката и објавува фотографија од одлуката.
„Само што ја потпишав одлуката на Владата на Албанија за донирање на 250 илјади евра на Хрватска за помош за обнова на Петриња по разорниот земјотрес. Хрватска е пример за отпор и модел за нас во нејзината неверојатна трансформација во горда земја на ЕУ“,
напиша Рама.
Во земјотресот со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала кој вчера ја потресе Хрватска загинаа седум луѓе. Тлото на земјава, не престанува да се тресе ниту денеска.
Владата на С Македонија издвои околу 100 000 евра за помош на Хрватска. Дополнително и Град Скопје ќе помогне на Загреб и Петриње со 50 000 евра.
