Албанскиот парламент со 91 глас „за“ ја усвои одлуката со која вонредната состојба во земјата, поради пандемијата со коронавирусот, се продолжува до 23 јуни.
Од присутните пратеници петмина беа против, додека тројца воздржани.
Пред да влезат во собраниската сала на пратениците им беше мерена телесна температура, носеа заштитни маски и ракавици, а поради одржување социјална дистанца беа распоредени и во собраниските галерија и ложите, кои обично се за странските дипломати или за високи гости.
Денешната седница се одржа без присуство на новинари а право да ја пренесува имаше само државната радио-телевизија.
Владат на 24 март прогласи вонредна состојба поради „природна непогода“ на целата територија на земјата, и тоа за период од 30 дена.
Според денес соопштените податоци од Министерството за здравство и социјална заштита, во земјата дијагностицирани со ковид-19 се 663 лица, оздравени 385, додека починати 27 лица. Албанската влада во исто време најави дека ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки доколку состојбата со заразата продолжи да биде стабилна.