Во Албанија досега се вакцинирани 537 илјади лица, при што над 100 илјади ги примиле и двете дози
Албанија попладнево ја укина одлуката за задолжителен двонеделен карантин за сите лица кои од Северна Македонија и од Грција влегуваат во Албанија, донесена на 20 април, јави МИА од Тирана.
Од останатите мерки што од денеска се на сила во Албанија, се отворањето на универзитетите, но само за консултации и сезоната за испити и со строга примена на протоколите и мерките за заштита.
Според Огерта Манастирлиу, министерка за здравство, сите други ограничувачки мерки остануваат во сила, како што е и забраната за групирање на повеќе од десет лица, како и полицискиот час кој и понатаму ќе трае од 22 до 6 часот наутро.
Во Албанија досега се вакцинирани 537 илјади лица, при што над 100 илјади ги примиле и двете дози.