
Актерката Силвија Стојановска доби мерка куќен притвор, а уште едно лице со иницијали В.Б., доби притвор откако попладнево биле изведени пред судија на претходна постапката.
Мерките им се определени по сите три основи: опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото.
Иако, мерките се веќе определени, од обвинителството сè уште не соопштуваат за каков случај станува збор.
Според неофицијални информации, во прашање е предмет во меѓународни рамки кој се однесува на трговија со дрога.