Според лидерот на ДУИ, ќе протестираат за Крешник, а ќе ги поддржат и барањата и протестите на семејствата на загинатите деца во Кочани, што исто така бараат неселективна правда. Додаде дека процесот на протести може да заврши само со предвремени парламентарни избори
Ако ескминистерот за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани, Али Ахмети ќе излезе на улица и нема да се врати додека не испровоцира со локалните да се одржат и предвремени пармалентарни избори. Ова за „Слободен печат“ го изјави лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, со што најави масовни протести за неселективна правда, за поддршка на Бектеши, но и на протестите организирани од семејствата на загинатите во пожарот во Кочани.

Посочи дека во секој момент како од шега може да извади на улица 10 илјади поддржувачи на ДУИ, кои би протестирале секоја недела.
„Ќе протестираме за Крешник. Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејствата на загинатите деца во Кочани, што исто така бараат неселективна правда. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори“,
рече тој.
Според него, во пакетот барања мора да биде и тоа за ветинг на сите политички партии од 1991 година, па досега, како и ветинг и сите функционери за потеклото на нивниот имот. Го додава и ветингот на процесот на приватизација на државниот имот, како и ветинг под меѓународен надзор и на судии, јавни обвинители и на полицијата.
Ахмети тврди и дека понудата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните првично дошла од премиерот Христијан Мицкоски, уште пред да истечат 100-те дена Влада и пред тој да го предизвика на предвремен маратон лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче во Собранието.
Не прецизира дали понудата за предвремени парламентарни избори била дел од договорот Мицкоски – Ахмети, за ДУИ да ја гласа рееорганизацијата на Владата.
Според него, главниот мотив на премиерот во октомври да има двојни избори бил да се заштедат пари, но и тоа што ако наесен има избори, државата дури во 2029 година ќе гласа на три изборни циклуси.
Ахмеети тврди дека потоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се премислил и најавил дека најрано парламентарни избори може да има во 2026 година.
Сепак, за лидерот на ДУИ, тоа прашање се уште не е затворено и за таа цел не ја исклучува и можноста за разговори со Мицкоски.
Ахмети потврди дека со Арбен Таравари имал три средби. Не исклучува соработка со него на локалните избори, но додава дека не е преецизирано како ќе оди соработката.
Најави дека ДУИ во текот на неделата ќе ги повика највисоките партиски тела и ќе одржи состанок.
Децидно посочи дека се чепне во албанскиот јазик, ДУИ ќе повика на бојкот на локалните избори за да не се постигне цензус и гласањето да пропадне.