Фирмата на советникот од ДУИ, Нефи Усеини нема да урива дивоградби, ако биде утврден судир на интереси – велат за „360 Степени“ од општина Охрид.
„Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка. Во текот на вчерашниот ден од страна на Комисијата за јавни набавки во Општина Охрид беше извршено отворање на понудите. Следува евалуација на понудите, во која треба да се утврдат способностите на економските оператори и причините за исклучување од постапката. Доколку во текот на евалуацијата на понудите се утврди одреден судир на интереси, ќе се постапи согласно предвидените законски процедури.“
стои во дописот од Кабинетот на градоначалникот на Охрид.

Од Антикорупциската комисија денеска ја предупредија Општина Охрид дека фирми на Усеини или на негови блиски лица не смеат да влегуваат во деловни односи со општината. Оттаму посочија и дека доколку нивната препорака не биде испочитувана и сепак тендерот го добие фирма на Усеини, договорот ќе биде поништен според Законот за облигациони односи.