При контролите ветеринарите откриле брзо замрзната храна која не е означена, а која била пуштена во промет, имало незадоволување на хигиенските барања, нецелосна декларација на производите, а имало и продажба на производи што не се одобрени

Околу 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло уништиле ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Храната што е уништена претходно е откриена при вонредни инспекциски надзори што била направени во 191 месарница, месарници со работилници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло.
При контролите ветеринарите откриле брзо замрзната храна која не е означена, а која била пуштена во промет, имало незадоволување на хигиенските барања, нецелосна декларација на производите, а имало и продажба на производи што не се одобрени.
Исто така, кај некои субјекти имало и вработени со неспроведени задолжителни здравствени прегледи, а имало и неподнесена пријава до АХВ за престанок на работа на објектот.
За утврдените неправилности ветеринарите издале 29 решенија за нивно отстранување.
Од АХВ велат дека биле изречени опомени на тројца оператори со храна, а 14 се парично казнети.
