„На госпоѓа Спиропали ѝ ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија, како и за нарушувањето на легитимитетот што произлегува од волјата на народот демократски изразена преку слободно гласање“, порачал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пренесоа од партијата
Лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска оствари средба со претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали, која е во посета на земјава. На средбата, како што информираат од ДУИ, Ахмети, меѓу другото, изразил загриженост за меѓуетничките односи во земјава.
„На госпоѓа Спиропали ѝ ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија, како и за нарушувањето на легитимитетот што произлегува од волјата на народот демократски изразена преку слободно гласање“,
порачал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пренесоа од партијата.
Ахмети и Спиропали разговарале и за прашања поврзани со членството на двете земји во Европската Унија. Нагласиле дека како две сојузнички земји, С Македонија и Албанија мора заедно да го продолжат својот пат кон интеграцијата во Унијата.