Тема на разговорите, како што соопштија од ДУИ, меѓу другото, биле и претстојните претседателски и парламентарни избори кои треба да се одржат во април и мај следната година. Двајцата, како што е наведено во париското соопштение, истакнале дека демократското одвивање на изборите е од големо значење за европската иднина на земјата
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска остварил средба со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. Тема на разговорите, како што соопштија од партијата на Ахмети, меѓу другото, биле и претстојните претседателски и парламентарни избори кои треба да се одржат во април и мај следната година.
Двајцата, како што е наведено во париското соопштение, истакнале дека демократското одвивање на изборите е од големо значење за европската иднина на земјата.
„Ахмети го информираше амбасадорот за цврстата проевропска позиција на ДУИ и за продолжување на конкретизирањето на иницијативата за заеднички акциски фронт што ќе го трасира безбедниот пат на земјата кон европскиот хоризонт“,
информираат од ДУИ во партиското соопштение.
Лидерот на ДУИ нагласил дека уставните измени и зајакнувањето на механизмите за владеење на правото се во фокус на владината коалиција и остануваат приоритет на земјата на патот кон ЕУ. Истакнал и дека ДУИ со целиот свој потенцијал ќе продолжи да инсистира на усвојување на уставните измени и продолжување на реформирањето на земјата во европски дух.
Инаку, според фотографиите од средбата, кои партијата на Ахмети ги објави на својата веб-страница, евидентно е дека состанокот не е одржан во партиското седиште, туку во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со кое раководи првиот вицепремиер и министер Артан Груби – кадар на ДУИ.