Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска го соопшти „изненадувањето“ што пред два дена го највуваше и премиерот Зоран Заев. Имено, станува збор за тоа дека ДУИ станува зелена партија.
На денешниот 19. роденден на ДУИ, Ахмети рече дека партија почнува нова политика за еколошка правда и поквалитетен живот.
„На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ“,
рече Ахмети.
Во неговиот говор, Ахмети спомена и неколку проекти и активности кои, според него, ДУИ ги има реализирано во текот на неговото постоење.
„Воспоставивме еднаквост преку целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ, заедно со многу други предности на нашите граѓани“,
рече тој.