ДУИ, според партискиот лидер, има нова победа по ланската на парламентарните избори
Оценувајќи ги првичните резултати од денешните локални избори, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави вечерва дека неговата партија има нова изборна победа по ланската на парламентарните избори.
Тој рече дека изборите поминале во најдобар ред и им честита на шефовите на штабови на ДУИ. Исто така, им се заблагодари на, како што рече, верните гласачи кои ја избрале агендата на ДУИ.
Потврдувајќи дека ДУИ победува во првиот круг во Липково, Сарај, Пласница, Ахмети наброи и дека кандидатите за градоначалници од неговата партија имаат значителна предност во Тетово, Кичево, Чаир, Струга, додека за Гостивар рече дека ДУИ таму го зголемила салдото за близу 100 отсто, ама дека нема информации дали ќе има втор круг.
Ахмети посочи и дека ДУИ има предност или оди во втор круг во Дебар, Желино, Теарце Арачиново, Боговиње…