Аеродром убедливо, пред останатите скопски општини, го држи врвот со најмногу активни случаи со ковид-19 во Скопје. Во оваа општина во моментов има 760 активни случаи.
Вкупната бројка на ниво на Скопје изнесува 4 128.
По Аеродром, втор на листата е Карпош со 610, а на трето место е Центар со 573 активни случаи.
Над 500 заразени во моментов има и во Гази Баба – 543 и Кисела Вода – 510.
Понатаму, висока бројка на активни случаи има и Ѓорче Петров – 351. Следни на листата се Бутел со 201 и Чаир со 198.
Во останатите општини состојбата е следна:
- Илинден – 72
- Шуто Оризари – 37
- Сопиште – 36
- Сарај – 32
- Петровец – 23
- Чучер Сандево – 22
- Студеничани – 16
- Зелениково-13
- Арачиново – 8
Во главниот град има и 27 странци кои во моментов се позитивни на вирусот.
106 случаи, пак, сè уште не се распоредени по општини бидејќи не се завршени епидемиолошките анкети.
