Во главниот град има моментно 891 активни од вкупно 7 291 случаи на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјава
Речиси еднаква е бројката на активни случаи на ковид-19 во Аеродром и во Центар – општини кои се моментно најзагрозени во рамките и во околината на Скопје.
Активни случаи по општини во Скопје денеска:
Чаир – 65
• Гази Баба – 102
• Аеродром – 144
• Карпош – 129
• Центар – 142
• Кисела Вода – 104
• Ѓорче Петров – 64
• Бутел – 32
• Шуто Оризари – 18
• Студеничани – 7
• Сарај – 15
• Арачиново – 6
• Илинден – 35
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 6
• Зелениково – 3 •
Странец – 11
Во Скопје има моментно 891 активни од вкупно 7 291 случаи на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјава.
На Инфективната клиника во Скопје, пак, во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на ковид-19.