Академик Абдулменаф Беџети ги негира шпекулациите дека разговара со СДСМ за да се кандидира во Тетово за градоначалник на локалните избори, пишува весникот „Лајм“.
„Ништо реално, само шпекулации за кликови. Пред една година не ја прифатив сериозната понуда за премиер, а камоли за ‘комунални услуги’!“
изјави за Лајм академик Абдулменаф Беџети.
Вчера, одредени медиуми шпекулираа околу можните кандидатити за претстојните локални избори во средините каде мнозинско население се Албанци, откако 360 степени веќе пишуваше дека коалициониот партнер на СДСМ на парламентарните избори, Движењето Беса се заканува со политичка и со криза во владата доколку СДСМ се реши во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Чаир уште во првиот круг да застане зад кандидатите кои ќе ги предложи ДУИ.