Економијата на Велика Британија претрпе најголем пад помеѓу април и јуни, бидејќи мерките за запирање на ширењето на новиот коронавирус официјално ја турнаа државата во рецесија.
Британската економија опадна за 20,4 отсто споредено со првите три месеци од годината.
Со тоа, Британија технички влезе во рецесија, дефинирана во два последователни квартала со економски пад.
Ова е првпат Британија да се најде во рецесија од 2009 година.
Официјални лица изјавија дека економијата започна да закрепнува во јуни, откако владините мерки наметнати за коронавирусот почнаа да се олеснуваат.
Падот на Велика Британија е двојно повеќе од падот од 10,6 отсто во САД во истиот период и, исто така, ги надмина и Франција, Германија и Италија меѓу државите Г7 кои досега објавија бројки од вториот квартал.