Секоја последователна деценија од осумдесеттите години на минатиот век ја надминува претходната во рушење на рекордот како најжешките десет години од индустриската револуција па наваму
Со зимата 2019-2020 година како најтопла во Европа и ефектите од пандемијата ковид -19 кои треба да бидат целосно анализирани, извештајот за состојбата на климата во 2020 несомнено ќе раскаже многу приказни
Новиот извештај за Состојба на климата за 2019 година дава мрачна слика на сè позатоплена планета, задушена од зголемените емисии на стакленички гасови. Секое лето, Агенцијата за Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА) на САД го објавува извештајот „Состојба на климата“, рецензирано резиме за глобалната клима напишано од над 500 експерти од 61 земја.
Деталната публикација користи податоци од станици за следење на животната средина и инструменти лоцирани наоколу планетата на копно, вода, мраз, па дури и во вселената.
Бидејќи крајот на 2019 година заокружи уште една деценија, се покажа дека периодот од 2010 до 201 година е за 0,2℃ потопол од декадата помеѓу 2000 до 2009 година, која пак беше потопла од предходната декада, 1990 – 1999 година.
Последиците од глобалното затоплување
Месец јули 2019 година беше исто така најжешкиот месец досега измерен на планетата. Виетнам, Холандија, Белгија, Луксембург, Франција и Велика Британија доживеаја највисоки дневни температури во историјата. Рекордна топлина се почувствува
и во земји како Естонија, Белорусија, Романија, Украина, Молдавија, Полска, Летонија, Литванија и Унгарија.
Последиците од затоплувањето кое се чувствува низ целиот свет, беа многубројни. Веројатно најзначајни беа катастрофалните пожари во Австралија и пожарите во дождовните шуми на Амазонија во Боливија, Бразил, Перу и Парагвај, информации за кои
можевме да ги слушнеме на вестите од светот. Пожари кои уништија милиони хектари земја, уништија голем број на домородни заедници, убија милиони дрвја и див свет (со извесно известување за изумирање на локални видови), а опстојуваа со месеци наназад
и делумно беа резултат на сувите топлотни бранови и рекордната суша во текот на изминатата година.

Европа доживеа екстремни суши и топлотни бранови особено во јули 2019, кои предизвкаа смрт кај илјадници луѓе ширум континентот, особено кај постарите и кај оние со хронични заболувања, а предизвикаа и хаос во повеќе економски системи поради
неуспехот на земјоделските култури и проблемите со навигацијата на поголемите реки.
Балканот во 2019 година
Состојбата не беше подобра ниту на Балканот, каде што 2019та беше најтоплата година што е забележана за Србија и втора најтопла година за Словенија, додека полуостровот доживеа потопла пролет од вообичаеното со ненадеен некарактеристичен студ кон крајот
на сезоната. Летото беше 2 степени потопло и беше проследено со екстремно топла есен.
Хрватска и Словенија објавија скоро двојно поголема количина на дожд од вообичаеното во мај 2019, што го прави мај највлажниот месец досега за Словенија. Од друга страна, Македонија и Бугарија ја завршија годината со многу сув декември, со дури до 80% помалку врнежи од вообичаено во некои области.

Додека Албанија закрепнуваше од големиот земјотрес во септември, грмотевиците и изобилните дождови предизвикаа поплавување во некои од погодените области, што ја направи веќе тешката состојба многу полоша.
Ефектите на ковид-19
Глобалното затоплување и климатските промени продолжуваат
Рекордно високите температури и последователните климатски настани, како што се сушите и топлотните бранови, несомнено неразделно се поврзани со климатската криза предизвикана од човечки фактор. Податоците засновани на современи инструментални записи, но исто така и од записи на ледено јадро кои датираат од пред 800 000 години, покажуваат дека концентрацијата на стакленички гасови има достигнато нови рекорди во
2019 година .
„Комбинација од многу различни климатски индикатори од целиот свет ни кажува дека глобалното затоплување и климатските промени продолжуваат, со рекордно високи концентрации на стакленички гасови, рекордно високо ниво на морињата и скоро
изјави д-р Џесика Блунден, една од авторките на извештајот.
рекордно високи глобални температури, заедно со регионална и локализирана рекордна топлина во многу области. Во поларните региони, и Арктикот и Антарктикот беа скоро рекордно затоплени. Таа топлина придонесува за интензивирано топење и на глечерите и на морскиот мраз. Екстремните горештини се случуваат почесто во споредба соекстремните студени настани“,
Со зимата 2019-2020 година како најтопла во Европа и ефектите од пандемијата ковид -19 кои треба да бидат целосно анализирани, извештајот за состојбата на климата во 2020 несомнено ќе раскаже многу приказни.

„Врз основа на она што го видовме досега оваа година, мислам дека 2020 ќе биде уште една рекордна или скоро рекордно-топла година. Интересно е што и 2020 година (и 2019 година) се исклучително топли во споредба со предходно измерени највисоки температури, дури и без феноменот ‘Ел Нињо’, што обично предизвикува мало зголемување на глобалните температури. Она што ќе биде многу
објасни д-р Џесика Бланден за „The Climate Herald“, кој објавува редовни написи поврзани со климатската криза засновани на научни истражувања и разговори со специјалисти од овие области.
интересно е да се види дали и како ковид-19 има ефект врз емисиите на стакленички гасови и другите индикатори за климатски промени. Верувам дека некои од овие влијанија, доколку ги има, ќе бидат забележителни со текот на времето, веројатно нема да бидат забележливи веднаш“,