Во изминатово деноноќие Грција регистрираше рекордно висок број на нови случаи на ковид-19. Како што јави МИА, здравствените власти соопштиле дека потврдени се нови 460 случаи, од кои 207 се во областа Атика. За истиот период со ковид-19 починаа пет лица..
Епидемиологот Гикас Мајоркинис на денешната редовна прес-конференција за ситуацијата со новиот коронавирус во Грција, рече дека логично е да се очекува зголемување на ширењето на вирусот кон крајот на октомври, со оглед на тоа дека луѓето ќе почнат повеќе време да поминуваат во затворени простори.
Според седмичниот извештај за ковид-19 во периодот од 24 до 30 септември, просечниот број дневни случаи бил 314, новозаразени се на просечна возраст од 39 години, додека пак просечно, дневно биле направени 10 617 тестови, од кои голем дел биле на влезните точки на земјата.
Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 19 346 случаи на ковид-19, а починаа 398 лица.