Во првите осум месеци на 2020 година биле поднесени 46 преставки за работата на полицијата, изјави вечерва старо-новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, практично, посочувајќи на периодот кога тој беше технички премиер, додека со МВР раководеше Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ.
Според бројките што Спасовски ги изнесе во гостување на ТВ 24, истиот период минатата година, кога тој беше, исто така, на чело на МВР, имало помалку претставки за полицијата.
„Минатата година во истиот период имало 33 преставки за работата на полицијата. Неосновани преставки ова година се 15, додека во 2018 биле 11. Годинава има една делумно основана претставка, додека минатата немало вакви преставки. Ова покажува дека ова година има зголемување на бројката на полициски службеници кои ги пречекориле своите овластувања“,
рече Спасовски.
Тој рече дека во првите осум месеци во 2019 година немало суспендирани полицајци, додека ова година за истиот период има тројца суспендирани полициски службеници и еден врачен отказ.
Спасовски, вечерва говореше и за случајот на полициската бруталност во Битола. Тој истакна дека без разлика за каков настан се работи не смее да има полициска бруталност.
–
