Вкупно 334 лица позитивни на ковид-19 се хоспитализирани низ ковид-центрите во земјава. Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и две мајки позитивни на ковид-19, а дополнително хоспитализирани се и две деца и две мајки суспектни на вирусот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примен е еден пациент, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се пет пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во текот на изминатото деноноќие беа направени 1 224 тестови, а од нив позитивни испаднаа 148. Институтот за јавно здравје информираше дека за истиот период оздравени се 65 лица. Три лица со ковид-19 починаа во болнички услови. Починатите се од Прилеп (62г), Кочани (87г) и Гостивар (64г).
Вкупната бројка на потврдени ковид-случаи од почетокот на епидемијата кај нас изнесува 17 629 лица, бројката на оздравени пациенти е 14 581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 323.
