Лекар во Интерното одделение во Болницата во Куманово бил физички нападнат од негов колега.
„На 26 септември околу 9 часот во СВР Куманово, лекар во Интерно одделение при болницата во Куманово пријавил дека бил физички нападнат од негов колега“,
соопшти МВР.
Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
