Илјадници Израелци синоќа протестираа пред официјалната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим.
Протестите се случуваат откако изби скандал во кој е вмешан и израелскиот премиер во врска со перење на пари. Како што јавуваа тамошните медиуми, синоќа биле приведени околу десетина демонстранти.
Израел во моментов се соочува и со втор бран на ковид-19 и постои можност за повторно воведување карантин, но и покрај лошата слика со заразната болест, луѓето се собираат на протести без да ги почитуваат мерките.
И во текот на цело лето илјадници Израелци се собираа на протести повикувајќи го Нетанјаху да си поднесе оставка откако почна процесот против него за корупција.
Демонстрантите, исто така, го обвинуваат премиерот за лошото управување со кризата со коронавирусот, по првичниот успех во спречувањето на пролетната пандемија.
Според „Ворлдометерс“, во Израел досега се заразени 187 902 лица со коронавирус, а како резултат на инфекцијата умреле 1 256 лица.