Главниот град на Турција, Анкара денеска беше зафатен од редок феномен – песочна бура.
Огромните облаци прашина предизвикале проблеми во сообраќајот и во секојдневниот живот во метрополата.
Гувернерот на Анкара Васип Сахим изјавил дека според првичните извештаи, пест лца се повредени откако биле погодени од предмети што ги носел силниот ветер.
Засега нема информации за жртви или за поголеми материјални штети.
Песочната бура прво го погодила местото Полатли, потоа и целиот град. Во Полатли избиле и неколку помали пожари поради удари од гром.