Виктор Драгомански, Македонец вработен како обезбедување во еден угостителски објект во Малта, заедно со албанскиот државјанин Даниел Мука се осомничени за двојното убиство кое се случило пред 8 дена.
Жртви на двојното убиство се двојка хомосексуалци, Кристијан Пандолфино и Ивор Мацијеовски.
Драгомански и Мука беа идентификуван од полицијата со помош на снимките од видеонадзорот од областа и биле видени како излегуват од куќата во која живееле жртвите.
Според медиуми во Малта, Мука бил уапсен во драматична акција на малтешките органи.
По апсењето Мука, признал дека е дел од групата луѓе вклучени во злосторството, но негираше дека тој е организаторот на убиството.
Драгомански, пак, е уапсен во хотелот „Гзира“ каде се криел. Тој се обидел да избега, но полицијата веќе го опколила хотелот.
Пандолфино и Мацијеовски се убиени пред 8 дена, едниот е најден на првиот кат во заедничкиот дом, додека телото на втората жртва било на вториот кат во куќата во градот Слиема во Малта. Досега полицијата на Малта не соопшти детали за евентуалните мотиви.