Собранието го верификува и мандатот на Зеќир Рамчиловиќ, кој сега се враќа во Собранието како пратеник од листата на СДСМ во третата ИЕ
Собранието вечерва го верификуваше мандатот на пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој доаѓа на местото на Љупчо Николовски кој пак треба да биде дел од новата влада како вицепремиер за борба против корупцијата.
На нова седница е констатирана и оставката на Радмила Шекеринска, која и во новата влада ќе биде министерка за одбрана, но засега нема информации дали ќе го задржи и вицепремиерското место. Повторно, се чека информација од ДИК за името на новиот пратеник кој треба да дојде на местото на Шекеринска по што ќе биде верификуван неговиот мандат.

Според листата на СДСМ во петтата изборна единица, каде што Шекеринска беше носител, следни кандидати, на 9. и 10. место се Горна Козарев и Самка Ибраимовски. Сепак, пратеничкото место, согласно со Изборниот законик, е резаервирано за 11. кандидатка, со цел да се застапи принципот на соодветна родова застапеност во парламентот.
На местото на Шекеринска во парламентот влегува Белкиса Зеќири, според информациите, како кандидатка од општинската организација на СДСМ во Маврово – Ростуше.
На денешните собраниски седниците за верификација на мандатите не присуствуваат пратениците од опозицијата, бидејќи, според нив, постапката е неделовничка, а верифиакцијата се врши врз основа на извештај на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а не по предлог на Верификационата комисија.
Претходно, Собранието ја констатираше оставката на мандатарот Зоран Заев.
Истата постапка за верификација на мандатите ќе се примени и за останатите пратеници кои треба да бидат дел од новата влада