Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон денеска е уапсен поради наводна измама на донаторите за повеќе стотици илјади долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.
Покрај Бенон, приведени се и Брајан Колфеџ, Ендрју Бадолато и Тимоти Ше. Тие се теретат за проневера и перење на пари, а доколку се докаже дека се виновни им се заканува казна од 20 години затвор, пренесуваат американските медиуми.
Апсењето на Бенон го потврди Канцеларијата на сојузниот обвинител, додека неговиот адвокат сè уште не го коментираше случајот.
Четворицата се сомничат дека измамиле илјадници лица кои донирале за кампањата „Градиме ѕид“, која собрала повеќе од 25 милиони долари за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница.