Вчера, министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да предложат санкции за белоруските претставници одговорни за фалсификување на изборите
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека од рускиот претседател Владимир Путин побарал и добил гаранција за помош за одржување на безбедноста на Белорусија.
„Кога станува збор за воената компонента, Белорусија веќе има постоечки договор со Руската Федерација во рамки на Сојузна држава Русија и Белорусија и Организацијата Договор за колективна безбедност (ОДКБ). Овие моменти спаѓаат во тој договор. Затоа, и денеска долго разговарав со претседателот на Русија за моменталната состојба. Морам да кажам дека сум фасциниран од тоа колку тој е свесен за тоа што се случува“, изјави Лукашенко.
Во Белорусија пред една недела се одржаа претседателски избори, на кои според податоците од Државната изборна комисија со над 80 отсто од гласовите победи Александар Лукашенко кој е на власт од 1994 година, а светските медиуми го нарекуаат последниот диктатор во Европа.
Од соопштувањето на резултатите, секојдневно во Минск и други градови се одржуваат протести, каде демонстрантите ги обвинуваат властите за изборен фалсификат. Досега се уапсени најмалку 6 700 демонстранти, не е познат бројот на повредените, а има и загинати.
Денеска илјадици луѓе присуствуваа на погребот на демонстрант кој беше убиен во протестите.
Противкандидатката на претседателот Александар Лукашенко кој во неделата победи на изборите о над 80 отсто од гласовите и е на власт во земјата од 1994 година, Светлана Тихановскаја ја напушти земјата и пребега во Литванија стравувајќи за безбендоста на своето семејство.
Вчера, министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да предложат санкции за белоруските претставници одговорни за фалсификување на изборите. И САД ги осудија изборите како нефер и неслободни.
Денеска три балтички земји повикаа на повторување на изборите.